MediaWorks Digital Library

Срца во пламен

Гласот на Мачениците
Read

„Или ќе се омажиш или ќе умреш... “

„Ако си христијанин, тогаш нема место за тебе во оваа земја... “

„Ќе умреш тука сама.“

Последните зборови на таткото на Тара донесоа само една мисла во умот на шеснаесетгодишното девојче – таа мора да избега за да го спаси својот живот. Претепана до работ на смртта, Тара, ќерка на познат пакистански муслиман, беше заклучена во нејзината соба како затвореник без храна или лекарска помош.

Сето тоа бидејќи беше фатена со Библија.

Приказната на Тара не е единствена меѓу овие осум храбри жени во Срцата во пламен. Од младата Виетнамка, која се откажа од слободата со цел да ги евангелизира луѓето во својата комунистичка татковина, до австралиската мисионерка, која ја шири пораката на простување и исцелување во Индија, откако нејзиниот сопруг и синовите беа живи запалени од страна на локални фанатици, овие жени ги надминаа огромните тешкотии и станаа водачи и служители во подземната црква низ целиот свет.

Гласот на маченици ви ги носи овие вистинити приказни за храбри жени, хероини на верата, кои се претставници на неброеното множество жени кои се соочуваат со слични ситуации во светот. Овие примери на верата и страста ќе ве инспирираат да Го следите Христос со срцето во пламен, без оглед на цената.

  1. hearts-of-fire--mk
    pdf
    Open
  2. hearts-of-fire--mk
    epub
    Download